НЕВАЖЕЧКИ 19.287 ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА ВО ВТОРИОТ КРУГ Од нив, 10.528 се за избор на градоначалник на Скопје
На ниво на Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња се неважечки, што е 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.
Евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња во вториот круг на локалните избори за градоначалници, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини. Овој број неважечки ливчиња е 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
На гласање вчера излегоа вкупно 345.525 гласачи.
Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња се неважечки, што е 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.
Излезноста во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, а на национално ниво 47,16 проценти.
Во првиот круг од изборите за градоначалници, што се одржа на 19 октомври, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња беа неважечки, што е околу 6,1 отсто. Излезноста во тој круг изнесуваше 48,30 проценти. За изборот на градоначалник на Град Скопје во првиот круг, од 232.581 гласачи, беа евидентирани 12.359 неважечки ливчиња, а излезноста изнесуваше 49,04 проценти.