НЕВАКЦИНИРАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОТКАЗИ Грција се заканува со драстични мерки
Oд 7 февруари во Грција за вакцинирани ќе се сметаат само оние кои примиле и бустер доза, а оние кои се со две дози ќе се сметаат за невакцинирани.
Здравствените работници во Грција кои до март нема да го почнат процесот на вакцинација ќе бидат отпуштени, предупреди денеска министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.
Тој потсети дека од 7 февруари во Грција за вакцинирани ќе се сметаат само оние кои примиле и бустер доза, а оние кои се со две дози ќе се сметаат за невакцинирани.
Грчките здравствени работници неколку пати организираа протести против задолжителната вакцинација во нивната струка. Јужниот сосед веќе ги ублажи тешките мерки против ковид, па од пред неколку дена повторно е дозволена жива музика во рестораните, а нивното работно време е продолжено.
Во Грција од ковид досега починале 23.372 пациенти.