НЕУСПЕШНИТЕ КАНДИДАТИ ДА СИ ПОДНЕСАТ ОСТАВКА Апасиев им се обрати на пратениците кои се кандидираа за градоначалници
Апасиев го потенцираше познатиот „Ред на честа“, кој важел за античките и римски политичари од сенаторски ранг, хиерархиско правило согласно кое не можете да бидете на повисока функција, доколку не исполнувате услови за пониска функција.
Лидерот на Левица Димитар Апасиев ги повика пратениците кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да си поднесат оставки од пратеничката функција.
Апасиев го потенцираше познатиот „Ред на честа“, кој важел за античките и римски политичари од сенаторски ранг, хиерархиско правило согласно кое не можете да бидете на повисока функција, доколку не исполнувате услови за пониска функција.
„Очекувам, моите колеги-пратеници кои се кандидираа за градоначалници и не освоија доверба од граѓаните – да си поднесат оставки од пратеничката функција. Оти, според хиерархискиот „Ред на честа“ (Cursus honorum), пратеничката функција е над градоначалничката! Не можете да бидете претор, ако не исполнувате услови нуту за едил!? Кога не сте освоиле доволно гласови ниту за помалата, а љубоморно и неетички си ја чувате поголемата функција – тоа значи дека немате морален компас, а ниту легитимитет веќе да ги претставувате граѓаните. Сте се обиделе да ја шитнете пратеничката функција која ви е доверена и не сте успеале. Ред е да си заминете од законодавниот дом. Спротивното значи дека вашите лични интереси (за државна плата и нереални патни трошоци) ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава“, напиша Апасиев на Фејсбук.