🎥 НЕУСПЕШЕН ЛЕТ ЗА МАЈАМИ Авион на „Aмерикан ерлајнс“ евакуиран поради дефект

Федералната администрација за воздухопловство на САД го води случајот како „инцидент со можно откажување на механизам при слетување“. Тоа е, на технички јазик. Но, за обичниот човек – ова беше само еден многу непријатен лет кој никогаш и не започна како што треба.

395

 

Сцените од саботното попладне на аеродромот во Денвер наликуваа на сцена од акционен филм – патнички авион на „Американ ерлајнс“ беше евакуиран директно на пистата, само неколку моменти пред да полета за Мајами.

Причината? -Проблем со механизмот за слетување и наводно оштетена гума – детал што набрзина ги активира сите итни служби.






Патниците – вкупно 173 – заедно со шесте членови на екипажот, се нашле среде пистата, откако вратите на авионот биле отворени за итна евакуација. На лице место пристигнале екипи од противпожарната служба и персонал за итни интервенции, кои реагирале веднаш.

– Се слушна некој звук, не знам што беше… и потоа ни рекоа да излеземе. Никој не паничеше, ама никому не му беше удобно – изјавил еден од патниците.

Во инцидентот, шест лица претрпеле полесни повреди. Петмина биле згрижени на самото место, додека едно лице било транспортирано во најблиската болница – превентивно, велат од службите.

Федералната администрација за воздухопловство на САД го води случајот како „инцидент со можно откажување на механизам при слетување“. Тоа е, на технички јазик. Но, за обичниот човек – ова беше само еден многу непријатен лет кој никогаш и не започна како што треба.

Дали станува збор за грешка во одржувањето? Или дефект што никој не го предвидел? Прашањата сè уште висат – а одговорите веројатно ќе дојдат откако ќе се заврши внатрешната истрага на „Американ ерлајнс“.

Поврзани содржини