НЕТАНЈАХУ СО НОВ ПОТЕГ ПО НАПАДИТЕ Израел започнува преговори со Либан, Хезболах е жешка тема

Израел најави директни преговори со Либан со фокус на разоружување на паравојската Хезболах. Oд друга страна, Иран предупредува дека конфликтот може повторно да ескалира.

143

Израел ќе отвори нов дипломатски канал со Либан во услови на растечки тензии. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави директни разговори со јасно дефинирана агенда. Инфромацијата доаѓа откако во денешните израелски напади врз Либан загинаа повеќе од 200 луѓе, а повередени се над 1.000.

Премиерот на Израел потврди дека веќе дал насоки разговорите да започнат што е можно побрзо.






– Во светлината на повторените барања на Либан за отворање директни разговори со Израел, вчера ѝ наложив на владата што е можно поскоро да започне директни разговори со Либан – изјави Нетанјаху.

Тој додаде:

– Разговорите ќе се фокусираат на разоружување на Хезболах и воспоставување мирни односи меѓу Израел и Либан.

Иран претходно предупреди дека ќе реагира доколку продолжат нападите врз Либан.

– Нашите прсти остануваат на чкрапалото – порача претседателот на Иран Масуд Пезешкијан,

Техеран ги оцени нападите како кршење на прекинот на огнот меѓу САД и Иран. Во нападите загинаа над 200 лица, додека повеќе од 1.000 се повредени.

Поврзани содржини