НЕТАНЈАХУ СЕ ЗАТРУЛ СО ХРАНА На премиерот не му било добро, лекарите констатирале воспаление на цревата
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, завршил на инфузија, а своите обврски ќе ги извршува од дома во наредните 3 дена.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху закрепнува откако се затрул со храна, соопшти денеска неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома во следните 3 дена.
Седумдесет и петгодишниот премиер се чувствувал лошо синоќа, во саботата, а лекарите дијагностицирале воспаление на цревата и дехидрација.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека му била дадена инфузија.
„Согласно укажувањата од докторите, премиерот ќе се одмора дома во следните 3 дена и оттаму ќе ги извршува државните работи“, соопшти кабинетот.
На Нетанјаху во 2023 година му е поставен пејсмејкер, а во декември му е отстранета простатата поради инфекција на уринарниот тракт.