НЕТАНЈАХУ НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН ВО САД Протести во Вашингтон пред говорот на израелскиот премиер

Демонстрантите се собраа на Капитол Хил за да побараат од Вашингтон да престане со својата воена помош за Израел. На друга локација во близина на Конгресот, се собра толпа еврејски демонстранти со израелски знамиња кои протестираа против Нетанјаху, велејќи дека тој не го претставува израелскиот народ. 

226

Илјадници демонстранти кои се против израелската војна во Газа, од кои некои носеа палестински знамиња, се собраа денеска во близина на американскиот Капитол Хил пред говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Конгресот.

Нагласувајќи колку војната предизвикува поделби, демонстрантите се собраа на Капитол Хил за да побараат од Вашингтон да престане со својата воена помош за Израел. Тие ги обвинија Бајден и Харис дека се соучесници во „геноцидот“ врз Палестинците во Газа, пренесе ДПА.






На друга локација во близина на Конгресот, се собра толпа еврејски демонстранти со израелски знамиња. Тие, исто така, протестираа против Нетанјаху, велејќи дека тој не го претставува израелскиот народ.

Поврзани содржини