ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ БАРААТ НЕТАНЈАХУ ШТО ПОБРГУ ДА ГО ОТКАЖЕ ПЛАНОТ ЗА ЦЕЛОСНА ОКУПАЦИЈА НА ГАЗА Високиот комесар на ОН со строго предупредување за Израел

Високиот комесар на ОН, Волкер Турк, рече дека планот на Израел за окупација на цела Газа ќе доведе до ескалација што ќе резултира со повеќе убиства, неподносливи страдања, бесмислено уништување и со злосторства против човештвото.

190

Планот на израелската влада за целосно воено преземање на Газа ќе предизвика повеќе смртни случаи и страдања и мора веднаш да биде запрен, изјави во петокот високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, објави Ројтерс.

„Планот е спротивен на одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека Израел мора да ја заврши својата окупација што е можно поскоро, на реализацијата на договореното решение за две држави и на правото на Палестинците на самоопределување“, рече Турк во соопштение.






Политичко-безбедносниот кабинет на Израел рано во петокот одобри план за преземање контрола врз Газа Сити, додека земјата ги проширува своите воени операции и покрај сè поголемата критика дома и во странство за разорната, речиси двегодишна војна.

Претходно, во четвртокот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има намера да воспостави воена контрола врз целиот Појас Газа.

„Според сите досегашни докази, оваа понатамошна ескалација ќе резултира со уште поголемо масовно присилно раселување, повеќе убиства, неподносливи страдања, бесмислено уништување и со злосторства против човештвото. Наместо да го зголемува интензитетот на оваа војна, израелската влада треба да ги насочи сите свои напори кон спасување на животите на цивилите во Газа, со дозволување целосен и неограничен проток на хуманитарна помош. Заложниците мора веднаш и безусловно да бидат ослободени од палестинските вооружени групи“, рече Турк.

Поврзани содржини