НЕСРЕЌА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ 35-годишна жена тешко повредена при извршување работни задачи

За настанот биле известени полициски службеници од СВР Скопје, како и трудов инспектор, кој ќе ја испитува причината за несреќата.

950

Триесет и шестгодишна жена од кумановското село Четирце била тешко повредена додека извршувала работни задачи во угостителски објект во скопската општина Карпош.

Според информациите од полицијата, таа била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош. За настанот биле известени полициски службеници од СВР Скопје, како и трудов инспектор, кој ќе ја испитува причината за несреќата.






Во тек е истрагата за утврдување на околностите под кои жената се здобила со повредите.

Поврзани содржини