НЕСРЕЌА ВО СКОПСКА БОЛНИЦА Тешко повредена жена по пад од скали

33-годишна скопјанка е пренесена во Ургентен центар со тешки повреди по пад на работното место во болницата Чаир.

1

Скопјанка завршила со тешки повреди откако паднала по скали на своето работно место во Гинеколошко-акушерската болница Чаир.

Од Ургентниот центар во Скопје пријавиле во полиција дека кај нив била донесена С.Ј.Т. (33), која се здобила со сериозни повреди во несреќата што се случила околу 13:30 часот.






Според информациите, жената паднала по скали додека била на работа во болницата.

За случајот бил известен и трудов инспектор, а надлежните институции го испитуваат инцидентот.

Поврзани содржини