НЕСРЕЌА НА РАСКРСНИЦА ВО СКОПЈЕ Со „опел“ удрил во 61-годишник на велосипед
Патничкото возило „опел“ било со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Р.Б. кој удрил во велосипед кој го управувал 61-годишниот З.С.
Вчера во 11.30 часот, на крстосницата од улица Славка Динкова и од улица Иван Хаџиниколов во Скопје, патничко возило „опел“ удрило во велосипед, а велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Патничкото возило „опел“ било со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Р.Б. кој удрил во велосипед кој го управувал 61-годишниот З.С.
И двајцата учесници во несреќата се жители на Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.