Во селото Колут кај Сомбор, синоќа околу 20.30 часот, осум деца беа повредени кога, среде возењето, пукнал носачот на на рингишпил. Како што јавува soinfo.org., носачот пукнал додека рингишпилот се вртел.
Три деца се тешко повредени, а пет полесно и сите биле пренесени во Сомбор со Итна помош. Нико од нив, според лекарите, засега нема повреди опасни по живот. Станува збор за можни скршеници, модринки, истегнувања. Сите повредени доживеале и голем шок, а се упатени на понатамошно дијагностицирање.
За случајот бил информиран надлежен јавен обвинител.
На лице место реагирале и екипи на Итната помош и полицијата.