НЕСОВЕСНО ВОЗЕЊЕ НИЗ ДРЖАВАТА Шест возачи лишени од слобода

Четворица возеле без дозвола, двајца под дејство на алкохол, дел од нив предизвикале и сообраќајни незгоди.

101

Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило на различни локации низ државата, информираше полицијата.

Од нив, четворица управувале возило без возачка дозвола, додека двајца биле зад волан под дејство на алкохол. Двајца од возачите без дозвола биле откриени во Битола, а по еден во Скопје и во Гевгелија.






Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, откако со возилото удрил во паркиран автомобил.

Под дејство на алкохол биле затекнати возачи во Струга и во Струмица. Возачот во Струмица предизвикал и сообраќајна незгода, при што со возилото излетал од патот.

По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини