НЕСЛАВЕН МАКЕДОНСКИ РЕКОРД На списокот за депортации од Германија најмногу имиња на македонски државјани

Спред податоците на германското МНР во првата половина од годинава најмногу депортации се направени кон Северна Македонија вкупно 454.

889

Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Северна Македонија и Албанија, пишува Дојче веле.

Спред податоците на германското МНР во првата половина од годинава најмногу депортации се направени кон Северна Македонија вкупно 454.






Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.

Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг, која забележува дека германските покраини трошат многу пари за организирање летови за депортации.

За половина година властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет „мини чартер летови“ во првата половина на 2022 година. Вкупно 167 полицајци дежурале за обезбедување на депортациите. Трошоците за овие летови ја чинеле државата вкупно 580.000 евра.

-Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата“ – соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.

Поврзани содржини