НЕСЕРИОЗНИ ПОСТАПКИ ВО СЕРИОЗНО ВРЕМЕ Таравари ги оценува оставките на министрите од ДУИ како детски игри

Овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

426

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во изјава за ТВ21 ги оцени оставките на министрите и на функционерите на ДУИ како детска игра.

Тој вели дека неговата партија ќе одлучува по консултации со партиските тела дали ќе остане во Владата откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.






– Всушност, овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период. Овие игри во најмала рака ми изгледаат многу детски. Алијанса за Албанците е партија сама по себе и носи свои одлуки во партиските органи, земајќи ги предвид сите околности, волјата на членството, но и на албанските граѓани во Република Северна Македонија – рече Таравари.

Поврзани содржини