НЕРВОЗА ВО ТОКИО Параолимпиец остана без освоеното злато оти доцнел на натпреварот

Според новото рангирање, златниот медал го освои Украинецот Максим Ковал, а среброто го освои неговиот сонародник Александар Јаровиј. Бронзениот медал му припадна на Гркот Ефстратиос Николаидис.

365

Параолимпиецот Мухамед Зијад Золкефли од Малезија го освои златниот медал на Параолимиските игри во Токио, но беше дисквалификуван затоа што доцнел на натпреварот.

Тој го освои првото место во категоријата Ф20, но му беше одземено златото затоа што не пристигнал навреме на натпреварот.






Портпаролот на Меѓународниот параолимписки комитет, Крег Спенс, рече дека Золкефил и уште двајца натпреварувачи кои не освоиле медали доцнеле на натпреварот. Отпрвин, им било забрането да учествуваат, а по нивниот протест, организаторите им дозволиле да се натпреваруваат.

– Доцнеа, можеби имаа логична причина, па им беше дозволено да се натпреваруваат додека не се процени ситуацијата и додека не се разгледаат сите причини – рече Спенс.

Во соопштението се наведува дека судијата по натпреварот утврдил дека немало оправдана причина за одложувањето и дека нивните жалби за дисквалификација биле одбиени.

Според новото рангирање, златниот медал го освои Украинецот Максим Ковал, а среброто го освои неговиот сонародник Александар Јаровиј. Бронзениот медал му припадна на Гркот Ефстратиос Николаидис.

Поврзани содржини