НЕПРОСТЛИВ СКАНДАЛ, МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ! Беса бара постапка против внукот на Али Ахмети

Внукот на Али Ахмети, покрај тоа што стекнал милионски суми со сомнителни тендери, се занимавал и со шверц на пиротехнички средства, велат од Беса.

1,276

По приведувањето на Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, од движењето Беса велат дека одговорност траба да има за секого.

Тие додаваат дека внукот на Али Ахмети, покрај милионски суми со тендери, се занимавал и со шверц на пиротехнички средства. Сметаат дека ова е непростлив скандал и бараат Министерството за внатрешни работи и органите на правдата да ја завршат својата работа до крај.






Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, иронично прашувајќи дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства.

Основното јавно обвинителство Скопје во врска со синоќа пронајдените пиротехнички средства кај Дрин Ахмети, соопшти дека ќе одлучува откако ќе се направи нивно вештачење.  Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

МВР соопшти дека синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје,  полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

📷 ПРИВЕДЕН ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ Контроверзниот газда на Соравија имал полн автомобил со пиротехника

Поврзани содржини