📽️ НЕПОЗНАТ ОБЈЕКТ СЕ УРНА ВО ПОЛСКА, СЕ РАБОТИ ЗА РУСКИ „ШАХЕД“? Од експлозијата пукнале прозорци на куќи

Според неофицијалните информации, објектот би можел да биде ирански дрон „Шахед 131“ или „136“, познати во руската војска како „Гиран-1“ и „Гиран-2“. Во поле во градот Осини биле најдени бројни остатоци.

915

Неидентификуван објект експлодирал синоќа во поле со пченка во градот Осини, во округот Луков во источна Полска, јавија тамошните медуми.

Полицијата на местото пронашла јагленисани метални и пластични остатоци. Според неофицијалните информации, објектот би можел да биде ирански дрон „Шахед 131“ или „136“, познати во руската војска како „Гиран-1“ и „Гиран-2“.






Портпаролот на полицијата во Луково, Марчин Јозвик, потврди за ТВН24 дека пријавата пристигнала во 2:22 часот.

– Пронајдовме место во полето со пченка каде што можел да експлодира непознат објект. Делчињата се расфрлани на десетици метри – изјави тој.

Експлозијата била толку силна што скршила прозорци на три куќи во близина, но нема повредени.

– Теренот е изгорен, но нема кратер од удар – додаде Јозвик.ж

 

Полицијата го обезбедила местото и собира остатоци од објектот. Командантот на Државната противпожарна служба во Луков, Зенон Писиевич, нагласи дека немало потреба од гаснење на пожарот.

Од Оперативната команда на полската армија известија дека нивните радари не регистрирале никакво нарушување на воздушниот простор од украинска или од белоруска страна.

„Информациите за пронајдениот предмет, кој според првичните проценки може да биде дел од стар мотор со пропелер, беа проследени до Центарот за воздушни операции. На терен се воената полиција и сите надлежни служби“, се вели во нивното соопштение.

Гувернерот на регионот Лублин, Кшиштоф Коморски, ги смири жителите.

– Нема закана, сите можат да се чувствуваат безбедно. Радијацијата е измерена и не е забележана опасност – рече тој.

Коморски објасни дека три објекти се оштетени и најави дека жителите ќе добијат психолошка поддршка.

 

Поврзани содржини