НЕОФИЦИЈАЛНО Од утре се укинува полицискиот час, рестораните и кафулињата почнуваат со работа од четврток

Според изворите на ТВ21, одлука била донесена и за рестораните и кафулињата кои треба да започнат со работа од четврток.

1,450

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час, објави ТВ21, повикувајќи се на владини извори.

Според изворите на ТВ21, одлука била донесена и за рестораните и кафулињата кои треба да започнат со работа од четврток.






Одлуките официјално ќе се дознаат во 19 часот кога и ќе биде прес-конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Поврзани содржини