НЕОЧЕКУВАНО ИМ СЕ СТЕМНИ НА ГРАНИЧАРИТЕ НА „ТАБАНОВЦЕ“ Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата

„Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин 'Табановце'. Снабдувањето на граничниот премин со електрична енергија сега е нормализирано“, соопшти ЕВН.

20,603

Продолжува револтот и противправните активности на жителите на селото Слупчане, па проблемот со електричната енергија отишол дотаму што слупчанци предизвикале нов дефект во инсталацијата и без снабдување вечерва го оставиле граничниот премин „Табановце“, дознава Плусинфо од извори во ЕВН.

Како што дознаваме, прекинот на електрична енергија траел само неколку минути.






„Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин ‘Табановце’. Снабдувањето на граничниот премин со електрична енергија сега е нормализирано“, соопшти ЕВН.

Претходно, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија.

Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

„Дефектот во снабдувањето со електрична енергија во село Слупчане е резултат на континуираното незаконско користење на електрична енергија. За жал, и дел од селата кај Липково се зафатени и се соочуваат со прекини во снабдувањето. Екипите за дистрибуција на електрична енергија при вршење на редовни работни активности или санирање на дефекти во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Истото се случи и денеска. Сè додека не е загарантирана безбедноста на работниците на Електродистрибуција и се создадат нормални услови за работа, нема да вршиме редовни работни активности или да работиме на отстранување на дефекти“, информираат од ЕВН Македонија.

Според барањето доставено до ЕВН, жителите на Слупчане инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат неколку илјади евра, бараат бесплатно да добијат нови приклучоци, бараат без разлика колку трошат во иднина, да не има се фактурираат сметки над 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и други слични барања кои се во спротивност со законските одредби.

СЛУПЧАНЦИ ГИ ИСКРШИЈА ТРАФОСТАНИЦИТЕ Од ЕВН велат дека направен е сериозен дефект

Поврзани содржини