Познатата светска манекенка Стела Тенант синоќа ненадејно починала на 50 години, објави денеска нејзиното семејство, пренесува Гардијан.
– Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, на 50 години. Стела беше прекрасна личност и голема инспирација на сите нас и многу ќе ни недостасува – се вели во соопштението од нејзиното семејство.
Стела беше позната британска манекенка, внука на Ендру Кевендиш, војвода од Девоншир. Таа студирала вајарство на „Winchester School of Art” а ги красеше насловните страници на многу светски познати магазини, меѓу кои и на Вог, а соработувала и со познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд.