Ненадејно почина сестрата на Горан Бреговиќ

1,336

Дајана Бреговиќ Мариќ, сестрата на популарниот музичар Горан Бреговиќ (70), со кого израсна во Сараево, почина во Сплит на 61 година.

„Во длабока болка, објавуваме дека ненадејно нè напушти г-ѓа Дајана Бреговиќ Мариќ. Поради големата тага, беше направен тивок погреб во кругот на потесното семејство на гробиштата Ловринац”, пишува во некрологот објавен во „Слободна Далмација“.






Меѓу ожалостените се сопругот на Вела, децата Ленко, Орнела, Дејан, Јелена, Глорија и Ален, браќата Горан и Предраг и внуците Иван, Дејан, Ноа и Киара.

Дајана Бреговиќ Мариќ е помлада сестра на водачот на бендот„Бјело дугме“ и творец на „Оркестар за свадби и погреби“, Горан Бреговиќ. Горан ја поминал својата младост со неа затоа што неговите родители Фрањо и Борка биле разведени, па тој живеел малку со неговата мајка во Сараево, а малку со татко му во Сплит, каде што сега починатиот татко Фрањо служел во тогашната ЈНА и основал ново семејство.

Своевремено, сестрата на Брега се појави во медиумите и зборуваше за растењето со нејзиниот славен брат и за тоа како еднаш му го дала на својот син презимето Бреговиќ, бидејќи нејзините браќа немале машки потомци.

Брега е роден во 1950 година во главниот град на БиХ.

Таткото Фрањо Бреговиќ и мајката Борка Перишиќ, додека биле во брак, ги добиле синовите Горан и Предраг и ќерката Дајана.

 

 

 

Поврзани содржини