📷 „НЕМОЈ ДА ПУШИШ ПРЕД БЕБЕТО!“ Џастин Бибер со новите фотографии со синот ги налути обожавателите
Славниот пејач Џастин Бибер предизвика негодување кај обожавателите откако сподели нови фотографии со својот син Џек Блус. Бибер, кој има 31 година, објави серија фотографии на Инстаграм во четврток вечерта на кои поминува време со својот 10-месечен син и пријателите во планините.
Славниот пејач Џастин Бибер предизвика негодување кај обожавателите откако сподели нови фотографии со својот син Џек Блус. Бибер, кој има 31 година, објави серија фотографии на Инстаграм во четврток вечерта на кои поминува време со својот 10-месечен син и пријателите во планините.
Друштвото се забавувало околу дрвената куќа, ја користело покриената тераса и се возело во возило за голф. Меѓу убавите моменти со неговиот син Џек, кој го доби со својата 28-годишна сопруга Хејли, се издвојува фотографијата на која бебето задоволно седи на рамената на својот татко.
На друга фотографија, Џастин седи на кауч на отворено и го гледа својот син како лежи до него. Но, претходната фотографија го покажува како пуши цигара (или нешто друго) со пријател на истото место и во исти шорцеви – иако Џек не се гледа на таа фотографија. Многу обожаватели во коментарите изразија загриженост за однесувањето на пејачот околу детето, што брзо се претвори во жестока дискусија.

„Немој да пушиш пред детето“, напиша еден корисник, додека една следбеничка додала: „Нема шанси да го држиш бебето во тој чад… Биди подобар, знаеме дека можеш.“ „Дрога пред детето?“, прашал третиот корисник, а четвртата коментаторка рекла дека „јавно прикажување на консумирање супстанции во присуство на дете не е ниту кул ниту интересно“.
Сепак, неколку луѓе застанаке во негова одбрана. Еден следбеник истакна: „Луѓе, на сликата со бебето, можете да ги видите стапалата на Џек на неговата нога. На сликата каде што пуши, бебето очигледно НЕ е таму. Не го гледате како пуши пред бебето на ниту една од овие фотографии!“, тврдел друг, додека трет додал: „Очигледно се различни моменти.“
View this post on Instagram
На други фотографии, Џастин лежи на патеката пред куќата и се сонча во фармерки, се смее со пријателите во внатрешноста и позира на покривот на количка за голф покажувајќи среден прст на камерата. Во описот на објавата до неговите 294 милиони следбеници, тој напиша: „Ќе биде добро лето“.
Не е првпат да ги загрижува своите обожаватели со фотографии со својот син. Џастин претходно сподели слика од себе како го гушка голиот Џек – на сликата, тој го покри лицето со емоџи и го покри задникот со рацете. Сепак, неговите следбеници го повикаа да ја отстрани поради опасноста од објавување на таква фотографија и огромниот број луѓе што го следат.
Сопругата Хејли, која го продаде својот бренд „Род бјути“ претходно оваа недела за импресивна милијарда долари, не се појавува на неговите најнови фотографии. Наместо тоа, таа присуствуваше на специјална вечера на Audemars Piguet и „Вог“ во Лос Анџелес во среда вечерта по повод 150-годишнината од швајцарскиот часовничар.
Ова доаѓа откако Хејли неодамна беше снимена како излегува сама од друга забава во лошо расположение, предизвикувајќи шпекулации дека нејзиниот брак со Џастин е во криза по низа инциденти.