НЕМИНОВНИ СЕ РЕФОРМИ ВО СДСМ Ковачевски ќе го враќа партискиот рејтинг преку реобединето членство

Во партијата единството не е само декларативно туку единство е да можеме да седнеме на маса да ги кажеме слабостите сите заедно и врз основа на идентификација на тие слабости да можеме да подготвиме програма со којашто ќе постапиме како во партијата така и пред граѓаните, рече Ковачевски.

818

„Ќе ги мотивираме и обединиме членовите на партијата активно да се вклучат и работат со цел СДСМ да ја вратиме на ниво на резултати коишто ги имавме пред локалните избори“.

Вака изјави Димитар Ковачевски, кандидатот за претседател на СДСМ презентирајќи ја својата програма во телевизиското гостување на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5.






– Во партијата единството не е само декларативно туку единство е да можеме да седнеме на маса да ги кажеме слабостите сите заедно и врз основа на идентификација на тие слабости да можеме да подготвиме програма со којашто ќе постапиме како во партијата така и пред граѓаните. СДСМ е подготвена да се справи со потребите и со предизвиците во општеството. Реформите во партијата се неминовни бидејќи тие секогаш носат нов квалитет и нова енергија, партијата треба да биде организирана и да биде функционална – рече Ковачевски.

Голем фокус Ковачевски става и на одговорноста на носителите на јавните функции, затоа тој наведува дека секој функционер мора да носи одговорност. Според него тоа е начин како тој функционер ќе биде одговорен во извршувањето на своите задачи.

– Имаме предизвик да го задржиме животниот стандард на граѓаните во услови на една ваква криза, бидејќи околу две години здравствена криза има и економски ефекти, исцрпени се граѓаните, исцрпено е стопанството, но и да го реализираме буџетот за 2022 и среднорочната рамка до 2026 кои многу јасно покажуваат развојна компонента, односно свртување кон инфраструктурни инвестиции, инвестиции во здравството, инвестиции во образовната инфраструктура – изјави Ковачевски.

Поврзани содржини