„НЕМИЛОСРДНО ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНАТА НА ПРАВДАТА“ Што очекува Мицкоски од новиот јавен обвинител

Само така сите кои работеле спротивно на закон ќе бидат санкционирани – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк".

424

Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата, бидејќи само така сите кои работеле спротивно на закон ќе бидат санкционирани – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк”.

Борбата против криминалот и корупцијата е тростепен процес кој вклучува истрага, обвинителен акт и судска постапка, при што обвинителот е само врската меѓу истрагата и судскиот процес. Тој треба да го избруси сето тоа и да види дали судиите ќе го прифатат и ќе отпочнат судски процес, бидејќи судиите прават оценка на обвинителниот акт – посочи Мицкоски.






Тој рече дека после година и половина од новата влада, конечно отпочнува процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДСМ и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител.

– Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од овој трослоен систем на гонење на криминалот и корупцијата – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски посочи дека граѓаните во минатото биле сведоци на полициски акции проследени во медиуми, со многу спектакуларни упади.

– Во минатото граѓаните беа сведоци на голем број полициски акции проследени во медиуми со многу естрада, галама и спектакуларни упади во домови и трговски објекти, а ние сакавме да бидеме антипод на таквиот начин на дејствување – рече Мицкоски.

Поврзани содржини