НЕМИЛ НАСТАН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Маж пронајден мртов во парк спроти „Нова Македонија“
Случајот е пријавен вчера попладне, а телото на скопјанецот ќе биде обдуцирано за да се утврдат причините за смртта.
Маж на возраст од 50 години е пронајден мртов вчера попладне во паркот наспроти зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје, потврди МВР.
„На 22.07.2025 година во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот спроти зградата на поранешна ‘Нова Македонија’ бил пронајден починат С.К.(50) од Скопје. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство“, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Во моментов не се сомнева на насилство, но истрагата е во тек.