НЕМАТЕ ГОРИВО, „ПРАШАЈТЕ ГО ХАМАС“ Хуманитарна катастрофа може да се случи во Газа до вечер

Израелската армија, спротивно на обвинувањата, го обвини Хамас дека складира 500.000 литри гориво и објави фотографија од десетина резервоари во Газа за кои тврди дека се тајни складишта.

827

Прашајте го Хамас дали можете да добиете гориво, им одговорија Израелските одбранбени сили (ИДФ) на Обединетите Нации откако претходно беа предупредени од хуманитарните работници дека Појасот Газа ќе остане без гориво до вечерва и дека ќе следува хуманитарна катастрофа, пишува Ројтерс.

Напротив, ИДФ го обвини Хамас дека складира 500.000 литри гориво и објави фотографија од десетина резервоари во Газа за кои тврди дека се тајни складишта.

 






Лекарите во Газа се жалат дека мораат рачно да ги вентилираат пациентите. Самите лекари се исцрпени. Агенции во ОН проценија дека секои две од три општи болници во регионот се затворени поради оштетување или недостаток на гориво.

Израелската војска го засили бомбардирањето на јужниот дел на Газа во текот на ноќта. ИДФ соопшти дека во текот на ноќта загинале 80 лица, а дека погодени се и подземни тунели, штабови и магацини на Хамас.

Официјален претставник на Хамас рече дека исламистичката група повеќе нема да ослободува заложници доколку не се дозволи проток на медицински материјали и гориво во Појасот Газа.

Во петокот Хамас со посредство на Катар ослободи двајца заложници кои се американски државјани. Исламистичката група држи над 220 заложници, вклучувајќи бебиња и мали деца.

Израелската армија објави и дека гаѓала инфраструктура на сириската армија и врз сириските минофрлачи како одговор на ракетите лансирани од Сирија.

Сириските државни медиуми објавија дека осум војници загинаа, а седум се ранети во израелски напади врз воени позиции во јужната провинција Дара, пренесе Би-Би-Си. Нападите се случиле околу еден по полноќ по локално време.

Поврзани содржини