НЕМАШЕ НИКОЈ ВО КАБИНАТА НА АВИОНОТ Девојче со родителите и пилот загинаа во мистериозен лет над Балтикот
Но, наместо кон Келн авионот се упатил кон Балтичко Море. Авионот двапати свртел кај Париз и кај Келн и се упатил преку Балтикот, прелетувајќи го шведскиот остров Готландф и набрзо почнал да губи брзина и висина.
Никој не бил пронајден жив, ниту пак некакви човечки останки имало во приватниот авион Цесна што синоќа се урна во близина на брегот на Летонија. Авионот беше придружуван од авиони на НАТО, соопшти шведската спасувачка служба. Четири лица летале со авионот Цесна 551, регистрирана во Австрија летал од Херез, јужна Шпанија кон Келн. Според германски „Билд“, пак, во авионот наводно биле пилот, еден маж, една жена и нивната ќерка.
– Спасувачките тимови немаат објаснување, можеме само да шпекулираме за тоа што се случило, но јасно е дека луѓето во авионот биле онеспособени – изјави шведскиот началник за пребарување и спасување Ларс Антонсон.
Тој додаде дека не се пронајдени човечки останки.
Наместо кон Келн, од Шпанија авионот се упатил кон Балтичко Море. Авионот двапати свртел кај Париз и кај Келн и се упатил преку Балтикот, прелетувајќи го шведскиот остров Готландф и набрзо почнал да губи брзина и висина.
Борбени авиони на НАТО, стационирани во Естонија го следеле авионот. Пилотите и шведски претставници изјавија дека никого не виделе во кокпитот. Портпаролот на литванското воено воздухопловство изјави дека на барање на Летонија испратен е литвански борбен хеликоптер во спасувачка мисија.