НЕМАМ ПОВЕЌЕ ШТИТНА ЖЛЕЗДА Јелена Розга откри голем здравствен проблем
Розга открила дека во текот на пандемијата на коронавирусот, конечно научила да каже „не“ и дека нејзината здравствена состојба ја принудила на тоа.
Хрватската пејачка Јелена Розгра проговори за здравствените проблеми и откри дека дури неодамна научила да каже „не“.
Пејачката пред три години во една прилика откри дека почуствувала дека срцето толку многу ѝ чукало, што мислела дека ќе се сруши, а потоа веднаш посетила лекар кој ѝ дијагностицарал тахикардија.
Розга открила дека во текот на пандемијата на коронавирусот, конечно научила да каже „не“ и дека нејзината здравствена состојба ја принудила на тоа. Открила дека Хашимото ѝ ја изел тироидната жлезда.
„Веќе не сум под голем стрес. Нема да брзам, особено кога е работата во прашање. Подобро се грижам за своето здравје, повеќе го ценам слободното време, знам да кажам „не“. Го научив и тоа. Морав поради моето здравје. Едноставно морав, бидејќи имам проблеми со срцето и тироидната жлезда и веќе не кријам. Апсолутно веќе немам тироидна жлезда и сега реков: „Па, доста е, ајде и јас малку да уживам“, изјавила Розга за РТЛ.
Пејачката рекла и дека спие помирно откако манијакот кој ја демне добил судска казна.
„Мислам дека долго ќе гледам зад грб и ќе ја вртам главата кога шетам дење и навечер со моето куче. Не е сѐедно кога живееш сам“, признала таа.
Во новата година таа сака само здравје за себе.
„Само здравје. Здравјето е на прво место и го ценам сѐ повеќе и повеќе, особено кога имам мои проблеми. Така што – само здравје, сѐ друго ќе дојде“, заклучи пејачката.