НЕМАЛЕ ШАНСА ДА ПРЕЖИВЕАТ Страшни слики од местото на несреќата во која загинаа членови на фудбалски клуб (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Несреќата се случила на само неколку десетици метри од просториите на клубот еден час по полноќ меѓу саботата и неделата.

9,796

Четворица членови на германскиот клуб од пониската лига Алеманија 05 загинаа во страшна сообраќајна несреќа во близина на Карлсруе.

Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер на клубот.






Тие се враќале дома од забава во клубот. Несреќата се случила на само неколку десетици метри од просториите на клубот еден час по полноќ меѓу саботата и неделата.

Според полицијата, автомобилот со четворицата се излизгал и излегол на спротивната сообраќајна лента каде се судрил со такси. Возачот на автомобилот и неговите тројца сопатници загинале на лице место.

Во сообраќајната несреќа загинало и едно лице од таксито. Во него покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив за жал загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени.

Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.

Поврзани содржини