НЕМАЛА СО КОГО ДА ГЛЕДА ФИЛМ Французинка фалсификувала ковид-сертификати за невакцинираните другарки
Девојката признала дека учествувала во фалсификување 24 потврди за 16 лица, па добила условна казна од 18 месеци затвор и петгодишна забрана за работа во јавниот сектор.
Деветнаесетгодишна Французинка, која работела во најголемиот центар за вакцинација во Бордо, добила условна казна од 18 месеци затвор, бидејќи фалсификувала 20 ковид-потврди за нејзините роднини. Кривичниот суд во Бордо, исто така, ѝ изрекол петгодишна забрана за работа во јавниот сектор.
Таа работела во центарот од 1 септември и признала дека учествувала во фалсификување 24 потврди за 16 лица.
Обвинителката рече дека не верува дека таа го направила тоа за финансиски надомест.
Според податоците од нејзиниот мобилен телефон, полицијата ги пронашла пропусниците кои биле многу неконзистентно произведени, објави Индекс.
Младата жена, која работела од својата 16 година, објаснила дека сакала да им направи услуга на пријателите и на роднините кои не сакаат да се вакцинираат и дека сакала да оди во кино или во ресторан со некои од нив.
Продолжува истрагата за корисници на лажни документи и можни други измами.