НЕМА ЖИВОТ БЕЗ РУСКИ ГАС Унгарија не планира да се откаже од Москва и покрај повиците на Трамп

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека снабдувањето со енергија на земјата е невозможно без руски гас и нафта, отфрлајќи ги повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на увозот од Москва.

89

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за неколку прашања, вклучувајќи ја и енергетската безбедност во Централна Европа, изјави доцна синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, во видео објавено на Фејсбук.

По средбата со својот руски колега,министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Сијарто рече дека снабдувањето со енергија на Унгарија не може да се гарантира без увоз на руски гас и нафта, јавија денеска британските медиуми.






Сијарто пред два дена изјави за Гардијан дека Унгарија нема да престане да увезува енергија од Русија, додавајќи дека неговата земја не може да обезбеди безбедно снабдување со енергија без руски извори и дека тие го „разбираат“ повикот на Трамп до земјите од НАТО и ЕУ да престанат да увезуваат енергија од Русија.

– За нас, снабдувањето со енергија е чисто физичко прашање. Убаво е да се сонува за купување нафта и гас од некаде, но можеме да купуваме само од таму каде што имаме инфраструктура. И ако ја погледнете физичката инфраструктура, јасно е дека без руско снабдување е невозможно да се обезбеди безбедно снабдување на земјата – рече Сијарто.

Според него, алтернативните правци, како што е цевководот Адрија низ Хрватска, не се доволни за да го заменат нафтоводот Дружба, главниот пат на руската нафта до Унгарија и Словачка.

– Тестовите во последните недели јасно докажаа дека овој цевковод, во неговата сегашна техничка состојба, не е способен континуирано да транспортира големи количини нафта, под висок притисок – рече вчера Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија воедно претходно ги отфрли повиците на Доналд Трамп со кои се бара од Унгарија постепено да го укине увозот на руска нафта.

– Ние, се разбира, ги поддржуваме сите напори на претседателот Доналд Трамп за мир. Сепак, нашата географска локација создава реалност и не можеме да ја промениме оваа реалност – нагласи тој во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на ОН.

Поврзани содржини