НЕМА ВРЕМЕ ДА СЕ ОТВОРИ МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ Бугарија нема да го повлече ветото до јуни!

До крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат Уставот и да го завршат овој процес, рече шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.

610

Нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на Македонија за во него да се впишат Бугарите како државотворен народ, што е едно од клучните барања на Софија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, пренесува БНТ.

– Реално, до крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат Уставот и да го завршат овој процес – рече шефицата на бугарската дипломатија.






Инаку, Генчовска додаде и дека има сериозни несогласувања помеѓу бугарското МНР и тимот на советници за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков во однос на прашањето за евроинтеграциите и преговорите со Македонија.

Таа исто така додаде и дека сè уште нема документ меѓу земјава и Бугарија што би бил основа за договор.

– Речиси ниту една од другите четири точки од Планот 4 + 1 не е исполнето од страна на Скопје – рекла Генчовска.

Министерката исто така посочи дека до бугарското Министерство за надворешни работи не е пристигнат никаков официјален документ, како што изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.

– Билатералните разговори се одржаа на 10 февруари и се работеше на предлог-протокол, но за жал резултатите беа незадоволителни – изјави Генчовска.

Поврзани содржини