НЕМА „ВОЈНА“, НИТУ „СПЕЦИЈАЛНА ОПЕРАЦИЈА“ Во Украина тешко се одржува мирот и безбедноста

Советот на безбедност на Обединетите нации, го усвои едногласно првото соопштение за Украина.

653

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно го усвои своето прво соопштение од почетокот на руската воена акција на 24 февруари, изразувајќи „силна поддршка“ за напорите на генералниот секретар Антонио Гутереш да се најде мирно решение за „спорот“ во Украина.

Во соопштението усвоено на краткиот состанок вчера не се споменуваат зборовите „војна“, „конфликт“ или „инвазија“, како што многу членки на СБ ја нарекуваат тековната воена акција на Русија или „специјална воена операција“, како што ја нарекува Москва.






Во изјавата се „изразува длабока загриженост за одржувањето на мирот и безбедноста во Украина“ и „се потсетува дека сите земји-членки, според Повелбата на Обединетите нации, се обврзани да ги решаваат своите меѓународни спорови со мирни средства“.

Русија, која има право на вето во Советот за безбедност на ОН, ги блокираше претходните обиди за усвојување соопштение за Украина.

Поврзани содржини