НЕМА ВЕЌЕ ВЛЕЗ ВО ВАРДАРИШТЕ Депонијата целосно затворена, владата воведе итни мерки

Опасноста од загадување и ризикот по здравјето на граѓаните ја натераа Владата да донесе итна одлука, депонијата Вардариште е целосно затворена за движење сè додека не се санира пожарот.

472

Владата донесе одлука за целосна забрана за движење на територијата на депонијата Вардариште, откако Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи предупреди на сериозни ризици по здравјето на граѓаните и животната средина.

– Оваа мерка е неопходна бидејќи пожарот во Вардариште создава високи нивоа на загадување, кои можат директно да влијаат врз здравјето на жителите на општина Гази Баба и пошироко. Наш приоритет е безбедноста на граѓаните – изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој од Владата беше назначен како надлежен за справување со овој проблем.






Заклучоците беа донесени на седницата на Комитетот по исцрпна дискусија, при што членовите оценија дека итното делување е единствен начин за превенција и намалување на штетните последици од пожарот.

– Комитетот будно ја следи состојбата и ќе биде вклучен сѐ до изнаоѓање трајно решение. Ги молиме граѓаните за трпение, бидејќи мерките се во насока на нивна заштита и заштита на животната средина – велат од Управувачкиот комитет за управување со кризи.

Со оваа одлука, Вардариште ќе остане под забрана за движење додека не се санира целосно ризикот од пожар и загадување.

Поврзани содржини