НЕМА ВЕЌЕ НЕДОПИРЛИВИ ФУНКЦИОНЕРИ Борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството, соопшти партијата на Христијан Мицкоски.

292

Криминалот на кадрите на СДСМ и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДСМ е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДСМ. Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДСМ и ДУИ се пред очиглед на јавноста. Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов-Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски-Ѕверот, кои се главни осомничени. Ексдиректорот Филип Андов-Сокол претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје. Народот гледа какви криминалци од СДСМ ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса. Нема повеќе ‘како до сега’, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДСМ и ДУИ“, се вели во партиското соопштение.






Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, соопшти партијата на власт.

Поврзани содржини