НЕМА ВЕЌЕ МАМЕЊЕ Грција ја вметнува личната карта во ковид-сертификатот

Како што објави грчкиот весник „Катимерини“, апликацијата „Ковид-фри ГР“ за мобилни телефони и за таблети е наменета за да му олесни на граѓанинот да приложи доказ за примена вакцина против коронавирусот кога влегува во затворен објект.

885

Личната карта ќе биде вметната во ковид-апликацијата со која се потврдува идентитетот и статусот на вакцинација, објави денеска Теодорос Ливиниос, заменик-министер на грчкото Министерство за дигитализација.

Како што објави грчкиот весник „Катимерини“, апликацијата „Ковид-фри ГР“ за мобилни телефони и за таблети е наменета за да му олесни на граѓанинот да приложи доказ за примена вакцина против коронавирусот кога влегува во затворен објект.






Ливаниос, пак, рече дека апликацијата ќе содржи и фотографија, име, презиме и датум на раѓање.

– Забележавме дека кога одиме во продавница, во склад со постоечките мерки против ширење на коронавирусот, покрај ковид-потврдите, дали на мобилен телефон или на хартија, мора да покажеме лична карта – рече министерот.

Овие детали ќе бидат внесени во апликацијата, додаде министерот, нагласувајќи дека на овој начин граѓаните ќе можат да покажат само еден доказ.

Поврзани содржини