НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ ВО ПРАЗНО ЗА ЛИЧНИ КАРТИ Еве каде и до колку часот можете да си го подигнете новиот документ

Граѓаните на Град Скопје во периодот од 07 до 22 часот во девет полициски станици и пет полициски одделенија ќе можат да ги подигнат личните карти и тоа во Полициска станица од општа надлежност: Центар, Бит Пазар, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Драчево, Аеродром, како и полициските одделенија Петровец, Арачиново, Шуто Оризари, Сарај и Мирковци – велат од СВР Скопје за Плусинфо.

2,724

Скопјани од утрово можат да ги подигнуваат готовите лични карти од 9 полициски станици и 5 полициски одделенија во период од 07 до 22 часот, секој ден од неделата.

– Граѓаните на Град Скопје во периодот од 07 до 22 часот во девет полициски станици и пет полициски одделенија ќе можат да ги подигнат личните карти и тоа во Полициска станица од општа надлежност: Центар, Бит Пазар, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Драчево, Аеродром, како и полициските одделенија Петровец, Арачиново, Шуто Оризари, Сарај и Мирковци – велат од СВР Скопје за Плусинфо.






Инаку, сега личните карти ќе бидат во полициските станици сè до нивно подигање од страна на граѓаните.

Во претходниот пилот-проект, полициските службеници требаше да ги носат личните карти на домашна адреса, а доколку не го најдеа сопственикот дома, по една недела документите се враќаа во МРТВ.

Од МВР нѐ информираа дека во овој момент возачките дозволи нема да се носат во полициските станици и одделенија.

Па така, готовите документи со новото име на државата, вклучително и пасошите, скопјани ќе можат да ги подигнат во МРТВ и во полициската станица Беко во зависност од тоа каде е фотографиран граѓанинот.

Инаку, Министерството за внатрешни работи од денеска почна со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.

„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, викендов информираа од МВР преку соопштението.

Поврзани содржини