ИМАВ ТЕРМИН ВО МАЈ, А ВЧЕРА МЕ ПОВИКАА ЗА ДА МЕ СЛИКААТ ДЕНЕС Нема веќе турканици ни мрзнење пред пунктот „Пролет“

Граѓаните што чекаа во редот денеска велат дека за разлика од претходните денови, денеска атмосферата е многу порелаксирачка, нема потреба од турканици, единствено треба да почекаат вработените да ги повикаат кога ќе дојде нивниот ред за фотографирање за лични документи.

2,037

На пунктот во полициската станица „Пролет“ од денеска веќе нема фотографирање без закажан термин, па нема ниту метеж. Работното време на овој пункт е до 16 часот, а од понеделник е најавено двосменско работење при што значително ќе се зголеми бројот на лица кои ќе може да поднесат барање за промена на личните документи.

Како што можевме да поразговараме со присутните пред пунктот, сите што беа дојдени за промена на личните документи, претходно биле повикани по телефон. Тие имале закажано термин за неколку месеци од сега.






– Вчера попладне добив повик дека треба денеска да дојдам во полициската страница „Пролет“ за да се фотографирам за вадење на лични документи. Бев многу изненадена бидејќи претходно имав закажано термин на 12 мај во МРТВ. Дојдов пред 15 минути, го пополнив барањето и еве чекам службениците да ме повикаат – ни рече една повозрасна госпоѓа.

Граѓаните што чекаа во редот велат дека за разлика од претходните денови, денеска атмосферата е многу порелаксирачка, нема потреба од турканици, единствено треба да почекаат вработените да ги повикаат кога ќе дојде нивниот ред за фотографирање за лични документи.

Како што можевме да забележиме, внатре се поставени 14 импровизирани кабини на двете страни од кошот, столчиња покрај нив и прегради во средина. Пунктот во полициската станица „Пролет“ денеска проработи со зголемен капацитет.

Како што претходно информираа од МВР во изминатиот викенд се ревидирани телефонските пријави за фотографирање и било утврдено дека дури 30.000 термини се фиктивни, што значително го закочувало процесот. Тие веројатно веќе се избришани од системот и ќе бидат повикани лица кои имаат закажани термини а не се фотографирале во меѓувреме.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера најави дека пунктот „Пролет“ на МВР за фотографирање за лични карти од понеделник ќе работи во две смени, но само со закажување.

– Пунктот „Пролет“ го враќаме суштински во системот, но не како што беше, со четворица фотографи и 10 базни станици за фотографирање на луѓето. Го враќаме овој пункт со 14 фотографи, вработени полициски службеници коишто ќе го спроведат процесот на 14 базни станици. Од понеделник најавувам и дека ќе се работи во две смени на пунктот „Пролет“, но само со телефонски закажувања. Она што претходно го правеле четворица во рамки пунктот“ Пролет“, полициска станица Кисела Вода, сега ќе биде зголемено и ќе имаме 28 коишто ќе го спроведат истиот процес за еден ден. Ако претходно се фотографирале приближно 300 луѓе, ние треба да дојдеме до бројка од околу 1.800 луѓе кои ќе бидат фотографирани, но во рамки на системот – најави Тошковски.

Со цел олеснување на процесот на вадење нови патни исправи за граѓаните на Македонија, и создавање функционален систем, Тошковски најави и отворање и на уште еден пункт, како и зголемување на човечките капацитети и воведување втора смена во еден од активните пунктови каде ќе се создадат услови за ова, со цел да се зголеми бројот нови патни исправи коишто ќе се издадат во иднина.

Од МВР претходно за Плусинфо информираа дека со цел намалување на метежот при подигнувањето на готовите лични документи веќе е започнат пилот-проект за нивна достава до дома. Полициски службеници треба на граѓаните да им ги достават на домашна адреса и готовите документи. Граѓаните нема потреба веќе да чекаат со часови во просториите на МРТВ за да ги подигнат.

– Со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започнавме со имплементација на пилот-проект на територијата на Скопје за доставување готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса. Во периодот откога дозволивме фотографирање без закажување, имавме многу пријавени, па поради тоа можевме да забележиме дека граѓаните чекаат со часови во просториите на МРТВ за да ги подигнат – информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Обврската за промена на личните документи произлезе од Преспанскиот договор. Рокот е пет години од влегувањето во сила на уставните измени, а истиот истекува за нецели две недели, на 12 февруари. По овој датум, патните исправи нема да важат, додека личните карти ќе имаат важност, но само за употреба во земјава.

ЛИЧНИТЕ КАРТИ ЧЕКАЈТЕ ГИ ДОМА, А ЗА ПАСОШИТЕ ФАЌАЈТЕ РЕД! Полицаецот ќе ви ѕвони неколку пати

НАМЕСТО 300 ЌЕ ФОТОГРАФИРАМЕ ПО 1.800 ЛУЃЕ ДНЕВНО Министерот Тошковски ветува зголемена ефикасност при вадењето нови лични документи

📽 📷 ВИКОТНИЦИ И КАРАНИЦИ ПРЕД ПУНКТОТ ЗА ПАСОШИ Полицајците им ја затворија вратата на сите што чекаат

Поврзани содржини