НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТАТА ЖЕНА ВО ПОЖАРОТ Во Челопек трагаат пет дена по огнената стихија

Изразуваме сочувство до нејзиното семејство доколку е почината, но некако одвнатре се надеваме дека е жива и успеала да побегне од огнената стихија, вели Ангелов.

319

Не е пронајдено телото на жената за која се тврдеше дека изгорела во пожарот во Старо Нагоричане, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Немаме одговор за тоа дали жената е побегната и каде се наоѓа, ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор, таа е единствена потенцијална жртва. Изразуваме сочувство до нејзиното семејство доколку е почината, но некако одвнатре се надеваме дека е жива и успеала да побегне од огнената стихија, – вели Ангелов.






Директорот на ЦУК упати апел до граѓаните особено да бидат внималтени при ракување со алат кој искри.

Тој наведе дека сите граѓани се дел од системот за управување со кризи и се должни кога ќе наидат на мал оган да го изгаснат без при тоа самите себе си да се изложуваат на опасност.

 

 

Поврзани содржини