НЕМА ТРАГА ОД 15.000 УКРАИНЦИ Русија потврди дека заробила 3.392

Советничката на украинскиот претседател вели дека не се знае колку од исчезнатите се цивили.

468

Илјадници војници и цивили се пријавени како исчезнати откако руските сили ја нападнаа Украина на крајот на февруари, изјави Аљона Вербитска, советничка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

– Русија во моментов потврди дека заробила 3.392 Украинци, но во Украина има околу 15.000 исчезнати, од кои многу цивили – изјави Вербичка за германскиот весник Redaktionsnetswerk Deutschland.






Таа додаде дека ништо не се знае за судбината на тие луѓе.

– Оваа нејаснотија е особено болна за роднините на овие лица – рече советничката на Зеленски.

Поврзани содржини