НЕМА СТРУЈА ВО ВОЛКОВО Екипите на ЕВН веќе 5 часа го отстрануваат дефектот

Не би знаеле да кажеме колку време ќе им биде потребно за да го отстранат дефектот - ни одговорија вработените во инфо-службата на ЕВН.

189

Повеќе од 5 часа жителите на скопската населба Волково се оставени без електрична енергија, а од ЕВН за Плусинфо велат дека станува збор за голем дефект и дека сѐ уште немаат информација до кога ќе трае поправката.

– Не беше планирано намерно исклучување на струјата во населбата Волково, туку станува збор за голем дефект. Екипите се излезени на терен уште од 9 часот утринава и сѐ уште ги вршат поправките. Не би знаеле да кажеме колку време ќе им биде потребно за да го отстранат дефектот – ни одговорија вработените во инфо-службата на ЕВН.

Поврзани содржини