НЕМА СПАС ОД КОСЕЊЕ НИ ЗА ПОБЕДНИКОТ ВО КОСЕЊЕ Главната награда е рачна коса!

Како што информираат од Општина Делчево, целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева, но и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење.

40

Општина Делчево објави јавен повик за учество на првиот натпревар во косење трева со рачна коса, кој ќе се одржи на 4 август во Делчево, на локација што дополнително ќе биде соопштена.

Како што информираат од Општината, целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева, но и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикнат дружењето и натпреварувачкиот дух.






Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат вештини за косење со рачна коса. Секој натпреварувач ќе настапи со сопствена рачна коса, а натпреварот ќе се одвива според однапред утврдени правила и временски ограничувања.

Постигнатите резултати ќе ги оценува стручна комисија, која ќе ги вреднува брзината, квалитетот и уредноста на косењето.

– За победникот е обезбедена награда – рачна коса. Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 31 јули во просториите на Општина Делчево или преку лицето за контакт Кирчо Анастасов на телефон 079 329 300 – информираа од Општина Делчево.

Од Општината ги повикуваат сите љубители на традицијата да се приклучат на настанот и да дадат придонес во зачувувањето на македонското културно наследство.

Поврзани содржини