ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ ДО ПАДНАТИТЕ СТОЛБОВИ ЗА СТРУЈА Апел од Електродистрибуција

Иако дел од паднатите проводници во моментов не се под напон, по повторното воспоставување на напојувањето можат да станат опасни, соопшти Електродистрибуција.

276

Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен, соопшти Електродистрибуција. Од компанијата апелираат граѓаните да не се приближуваат до паднатите бандери и столбови за пренос на електрична енергија.

„Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер. Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното воспоставување на напојувањето можат да станат опасни. Ги повикуваме граѓаните да не се приближуваат и да не ги допираат паднатите проводници, туку веднаш да ги пријават до надлежните служби. Безбедноста е најважна!
Ве молиме бидете внимателни додека траат активностите за санирање на штетите и следете ги упатствата на надлежните служби“, соопшти Електродистрибуција.






Поврзани содржини