НЕМА СИЛНО СЕЛО БЕЗ СИЛЕН ГРАД Димитриевски вети реализација на повеќе од 800 проекти
Следува инсталирање на систем за греење во Основното општинско училиште „Вера Которка“ во Клечовце. Ќе направиме реконструкција на подрачното училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре, а исто така ќе биде реконструирана и водоводната мрежа на улица „Никола Тесла“ во ова населено место, рече Димитриевски.
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, вечерва беше на средби со граѓаните од село Клечовце и Долно Којнаре, каде ја презентираше изборната програмата за претстојните локални избори.
– Поддршката од граѓаните е огромна и Ви се заблагодарувам за тоа што нѐ мотивирате да продолжиме со вистинската грижа за кумановци. Во идниот мандат како градоначалник заедно со мојот тим ќе реализираме повеќе од 800 проекти кои значат подобра инфраструктура, подобро образование, социјална заштита, градење на успешна спортска младина, но и одговорно и транспарентно работење во служба на граѓате. Вечерва, жителите од село Клечовце и Долно Којнаре ги информирав за проектите кои имаме во план да
ги реализираме по 17 октомври. Следува инсталирање на систем за греење во Основното општинско училиште „Вера Которка“ во Клечовце, како и изградба на нов спортски терен. Ќе направиме реконструкција на подрачното училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре, а исто така ќе биде реконструирана и водоводната мрежа на улица „Никола Тесла“ во ова населено место. Нема силно село без силен град и токму затоа неуморно ќе работиме кон развој на цела општина. За мое, за твое, за наше Куманово – рече Димитриевски.