На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година, е една од одлуките на Владата кои беа донесени на денешната седница.
Меѓу повеќето нови одлуки и уредби е и таа – во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата
Можеби ќе ве интересира
„Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор. Колективниот договор за култура во кој се регулирани сите права да се пролонгира до крајот на 2020 година. Владата ги задолжува јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата“, се наведува во соопштението од Владата.
Меѓу другото, се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот.