НЕМА ПРИВИЛЕГИРАНИ, КОЈ ЗГРЕШИЛ, ЌЕ ОДГОВАРА Министерството за земјоделство ја осуди постапката на директорот на инспекторатот

Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот со со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и да постапат согласно законите и прописите на државата,, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

0

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, соопшти министерството.

„Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата. Секое прекршување на законите, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано, и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност. Нагласуваме дека никој не е над законот и дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата“, соопшти министерството.






За разлика од претходно кога СДСМ и ДУИ беа на власт и ги штитеа своите високи владини и партиски функционери, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата, позицијата или политичката припадност, се додава во соопштението.

„Повеќе нема привилегирани и заштитени, ќе одговара секој, без исклучок. Ги охрабруваме земјоделците доколку во иднина се соочат со вакви работи, веднаш да пријават. Институциите функционираат и така ќе продолжат во иднина, транспарентно и одговорно во интерес на граѓаните и земјоделците се со цел заштитата на правниот поредок и владеењето на правото“, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство.

ДИРЕКТОРОТ МИТАЏИЈА ВАСЕ АНАКИЕВ ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР За да земе 100.000 евра држел производи на граница со образложение дека се забранети за увоз

 

Поврзани содржини