ДИРЕКТОРОТ МИТАЏИЈА ВАСЕ АНАКИЕВ ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР За да земе 100.000 евра држел производи на граница со образложение дека се забранети за увоз

Осомничениот, во период од 5 март до вчера, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на правно лице, иако истата многупати претходно била увезувана, соопшти ОЈО ГОКК.