НЕМА ПРЕЧКИ ДА СЕ ОБНОВИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА Обезбедена е документација, распишан е тендер
Министерот за култура соопшти дека е раапишана јавна набавка за реконструкција на Универзалната сала.
Обезбедена е нова документација и објавена е нова јавна набавка за реконструкција на Универзална сала, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Набројувајќи ги значајни активности што се реализираа минатата година во делот на капиталните проекти, министерот Љутков ги посочи Турскиот театар, Универзална сала, театарот во Струмица, Куманово и киното „Партизан“ во Битола.
– Обезбедена е нова документација и објавена е нова јавна набавка за реконструкција на Универзална сала; продолжи изградбата на Турскиот театар; деблокирана е изградбата на стариот театар во Струмица; а продолжуваме и со реконструкцијата на театрите во Куманово и во Битола, киното „Партизан“ во Битола се прави со забрзана динамика, завршена е првата фаза од санацијата на покривот на НУБ „Свети Климент Охридски“, додека санацијата на прокиснатите делови во НУ Македонски народен театар се одвива со засилена динамика – наброја министерот.