НЕМА ПОГОЛЕМА БОЛКА ОД ЗАГУБАТА НА ДЕТЕ Не ме замолчувајте, сакам да го спомнувам!
Јас сум мајка која после 4 месеци од животот го изгуби едното близначе и остана само со едно бебе. Нема да ви зборувам за болката зошто тоа е болка која не поминува. Не може да се излечи. Ќе ви зборувам за нашето општество и за свеста која треба да се разбуди, порачува една мајка.
Симона Арсовска е мајка на три деца. Едното ѝ починало пред 4 години на само четиримесечна возраст, а таа на својот Фејсбук профил, по повод 15 октомври, ден за сеќавање на сите оние кои загубиле бебе, им порача на сите дека таа сака да зборува за своето починато бебе и дека ниедно друго дете не може да е замена за него.
Можеби ќе ве интересира
Затоа, кога ќе ја прашаат колку деца има, таа вели дека има три, две покрај неа и едно во срцето.
„Многу е непријатно кога ќе замолчите како да сум кажала нешто непријатно. Или ќе ме погледнете попреку. Не, не е чудно. Три се. Кој родител би избришал дете како да не постоело?“, вели таа.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.